речник контакт

СМС: спасување животи со 160 знаци

Мобилните телефони и едноставните текстуални пораки се користат за справување со се, од недостаток на храна до грижа за деца со ХИВ низ цела Африка

Петар Печков

Самата помисла за што се се користат текстуалните пораки и вашиот ум може да тргне во организирање вечерно излегување, да му јавите на некго дека ќе задоцните или да го задевате вашиот пријател дека неговиот омилен тим изгубил натпревар. Но во Малави, овие пораки со 140 знаци се користат и за нешто исто попредизвикливо: за спасување животи.

Оваа затворена до сите страни копнена африканска држава позната по своите езера со слатка вода и по тутунот, исто има и друг факт по кој е позната - таму има една од најголемите стапки на ХИВ сида во светот. Статистиките во врска со ова се поразителни. Повеќе од 11 отсто од возрасните жители на Малави живеат со ХИВ, и се смета дека околу 120.000 деца ја имаат оваа болест.

Обединетите Нации проценуваат дека годишно 25 отсто од новите заразувања во земјата се предизвикани од пренесувањето на вирусот од мајка на дете. Тоа значи дека е апсолутно приоритетно децата во Малави да бидат тестирани од ХИВ што е можно најрано, во првите недели од раѓањето, и ако тестот е позитивен, веднаш да се започне со третман со лекување.

„Но постојат неколку недостатоци во системот“, вели д-р Аје Аје Мон, шеф во агенцијата за ХИВ сида УНИЦЕФ Малави на ОН. „Помалку од 25 % од децата кои се способни за третман го добиваат истиот“, вели таа. „Јасно е дека во Малави постои круцијална потреба на подигнување на нивото на педијатриска ХИВ грижа и третман“.

Д-р Мун вели дека постојат многу проблеми. Има недстаток од лабораториски установи во Малави, но и од она што д-р Мун го нарекува „непоуздан куриски систем“ за доставување на резулати од централната лабораторија назад во здравствените институции. Таа ми кажува дека резулатите попат сосема се губат.

Здравствените работници во руралните болници, вели таа, често треба да чекаат по осум месеци за да ги добијат резултатите од тестовите. Потоа ќе треба уште подолго време овие резултати да стигнат до пациентите, кои живеат во просек околу 15 километри далеку од здравствените центри.

„Овие фактори“, вели д-р Мун, „доведува до тоа ХИВ позитивните бебиња доцна да почнат да бидат третирани со антиретровирусни третмани, па дури и да починат пред третманот за започне“.

Д-р Мун и агенцијата решиле дека оваа ситуација е неприфатлива и почнале да бараат начини да го забрзаат времето за добивање на резултатите од тестовите, навремено, од лабораториите од пациентите. Тие го нашле одговорот во нивните дланки. Или уште попрецизно, во мобилните телефони кои толку многу луѓе ги поседуваат.

И храна предвид

УНИЦЕФ има своја едница за иновации, одговорна за употреба на нови технологии за решавање на големите проблеми. Една од алатките кои ги развија е отворениот систем наречен РапидСМС (брзи смс пораки), која ги обединува моќта на текстуалните пораки за собирање податоци и групната комуникација. „Претставниците на Уницеф бараат начин како можат да обезбедат подобри податоци во релано време“, вели надлежниот за иновации во агенцијата Ерика Кочи. Таа вели дека пред четири години единицата почнала да размислува дека смартфоните и таблетите можат да се искористат во таа цел. Но тоа се покажало прескапо, и како преголема зависност од мрежите за податоци кои таму сеуште не постоеле. „Па така почнавме да гледаме на смс-ите како начин на испраќање на информации, и сфативме дека можеме многу да сториме“.

Кочи вели дека почнале да ги разгледуваат алатките кои веќе биле на располагање, како што била една слична платформа наречена ФронтлајнСМС. Но Кочи вели дека на крајот УНИЦЕФ решиле да изградат своја платформа заради потребата на организацијата да следи големи количини податоци. Не требале долго да чекаат за ниниот прв тест. Додека единицата за иновации на УНИЦЕФ го смислувала РапидСМС, нивните колеги од Етиопија им јавиле дека им треба итна помош во дистрибуцијата на храна. Сиот регион Сахел доживеа голема суша, и страшни недостатоци од храна. „Не знаевеме колку храна има на некоја одредена локација во дадено време“, вели Кочи. „Луѓето пополнуваа  формулари, но тоа не можеше да им достави храна на луѓето во најтешкото време. Некаде имаше отповеќе храна, а некои места немаа храна со недели“.

И така единицата за иновации започна да работи на систем на мала група смс пораки која можеше да се поврзе на интернет и преку сервер. Наместо да се потпираат на хартиени формулари, теренските работници можеа да користат текстовни пораки и од базата на податоци, за да се следат набавките на храна. „Ни требаа три до четири недели за да го направиме овој систем и да го ставиме во функција“, вели Кочи.

Таа вели дека наскоро другите претставници низ земјата почнале да доаѓаат и да прашуваат како да го искористат РапидСМС за различни проекти. Ако преку него можат да се следат залихите на храна, си помисливме зошто истиот да не се искористи, да речеме, и за следење на исхранетоста на децата?

Платформата постигна многу за кратко време. Кочи вели дека од самиот почеток таа сакала системот да биде отворен извор, за секој да може да го користи, да го модифицира, и потоа пошироко да ги споделува тие модификации. „Сакавме да биде возможен да патува, да се развива“, вели Кочи. „Можевме да ги користиме нештата кои други ги развивале и обратно“. Кочи вели дека луѓето кои се надвор од хуманитарниот сектор го користат РапидСМС - да речеме, во Гана постои претприемник кој го користи за следење на продажбата н плотни за готвење.

Пад на сигналот

Во Малави, д-р Мун решила да провери дали РапидСМС може да помогне во подобрување на дијагнстицирањето и третманот на децата заболеми од ХИВ. Таа посебно сакала да го скрати временскиот јаз помеѓу лабораториските тестови и доставата на резултатите до пациентите. Таа започнала пред неколку години, и го нарекла „проект Мвана“, според свахили зборот за „бебе“ или „дете“.

Таа вели дека резултатите биле ветувачки. Наместо да се потпира на луѓе курири за достава на резултатите од тестовите, на здравствените работници можат да им се испраќаат едноставни текстуални пораки. Преку серија кодови, резултатите од ХИВ тестовите заедно со инструкциите за тремани, можат брзо да бидат испратени. Као што вели д-р Мун, „Доставата на лабораториските резулатти значително се забрза, и губењето на резултати се намали на 20 проценти“.

Д-р Мун како прилог на ова забележува и дека здравствените работници во руралните центри можат да го користат системот РапидСМС за да ги испратат резултатите за понатамошен третман на деца и на нивните мајки назад до здравствените власти во главнио град. Затоа што платформата ги складира сите испратени текстуални пораки, а важните податоци се задржуваат и можат да бидат анализирани.

„Секоја комуникација е забележана“, вели Ерика Кочи од Уницеф. „Така се создаваат информации кои се корисни за менаџментот и за донесувањето одлуки на повисоко ниво“.

На почетокот од годинава, проектот Мвана беше прифатен на национално ниво во Малави, и РапидСМС беше користен за да се решат тамошните проблеми.

„Се користи за преднатална и постнатална грижа, и за имунизација, потоа за следење на растот на децата и за планирање на нивната исхрана“, вели Пијали Мустафи, кој работи како менаџер за исхрана на Уницеф во Малави. Ги прашав и Мустафи и д-р Мун дали користењето на новиот смс систем беше тежок за здравствените работници. И двајцата рекоа дека тие можат да бидат обучени за да го користат системот за само неколку часа, и тоа дека „многумина ја ценат оваа технологија“.

Како што можете да си замислите, постојат и проблеми во мрежата. Д-р Мун вели дека во некои места покриеноста со сигнал е слаба и треба повеќе време пораките да се испратат и примат. Од УНИЦЕФ велат дека работат со мобилните оператори во Малави за да се решат некои од овие проблеми.

Но дури и краткото доцнење во испраќањето и добивањето на пораките е критично  - и потенцијално важно за спасување на животи - дијагностицирањето преку текстуални пораки е далеку посакувано од веројатноста никогаш да не се добијат тие очекувани лабораториски резултати.

текстот е преземен од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »